ДРУШТВО ЗА ЕКОЛОШКИ КОНСАЛТИНГ

Профил

Основана во 2007, ДЕКОНС EMA (Environmental Management Associates) е  компанија за менаџмент и консалтинг од областа на животната средина, лоцирана во Скопје, Македонија. Нејзиното основање е резултат на континуираната работа и напорите на неколку локални и меѓународни експерти, за подобрување на условите во животната средина, како во Македонија така и во регионот. Нивната главна идеја, се состои во креирање на мрежа од национални и меѓународни експерти, кои работат во регионот на Балканот и пошироко, при тоа обезбедувајќи одлична експертиза. Кадарот на ДЕКОНС ЕМА се состои од мал тим на компанијата и голема мрежа на експерти со кои хонорарно соработува.

 

Со инкорпорирање на меѓународното искуство и локалната експертиза, ДЕКОНС ЕМА соодветно е позиционирана, за да ги лоцира и да одговори на барањата на своите клиенти, овозможувајќи им при тоа, начин на  работа кој е поволен за животната средина, зголемување на нивната мрежа на соработници и добивање на компетитивни резултати од работата.

Работењето на ДЕКОНС ЕМА се заснова на детален бизнис план, изработен од високо квалификувани експерти. ДЕКОНС ЕМА гради долгорочни бизнис релации со претпријатија од различен ранг, имајќи го при тоа, својот концепт како гаранција за подобрувањето на бизнис перформансите на своите клиенти. Покрај ова, професионалните и високо квалитетни услуги истотака, се однесуваат и на работата со институциите.

 

Нашето континуирано усвојување на нови знаења, програми, иницијативи, активности и процедури, кои се сметаат за водечки во работата во областа на животната средина и се во согласност со националното и законодавството и регулативите на ЕУ, даваат супериорни резултати за нашите клиенти. Истовремено се користат познати, најефективни и потврдени методологии на работа.