Мапа на сајтот

Пребарување

ДЕКОНС-ЕМА
ДРУШТВО ЗА ЕКОЛОШКИ КОНСАЛТИНГ
English ENG

ПРОФИЛ

Основана во 2007, ДЕКОНС EMA (Друштвото за еколошки консалтинг-Environmental Management Associates) е компанија за менаџмент и консалтинг од областа на животната средина, лоцирана во Скопје, Македонија. Нејзиното основање е резултат на континуираната работа и напори на неколку локални и меѓународни експерти, за подобрување на условите во животната средина, како во Република Македонија, така и во Балканскиот регион. Главната идеја беше да се креира мрежа од национални и меѓународни експерти, кои работат во регионот на Балканот и пошироко, заради обезбедување на веродостојна и со висок квалитет експертиза.

ДЕКОНС ЕМА се состои од мал, но силен, компетентен и квалификуван тим на експерти и мрежа од 100 дополнителни експерти со кои хонорарно соработува.

Постојаната едукација и стекнување на нови знаења и експертизи е наша определба, докажана преку поседување сертификати за овластени ОВЖС, СОЖС експерти, управители со отпад и проценка на штети во животната средина. Безбедноста и здравјето при работа е област во која Компанијата стекна овластување за работа и значително искуство.   

Со инкорпорирање на меѓународното и локалното искуство и експертиза, ДЕКОНС ЕМА соодветно е позиционирана, за да ги лоцира и да одговори на барањата на своите клиенти, овозможувајќи им при тоа, начин на  работа кој е поволен за животната средина, зголемување на мрежата на соработници и добивање на значителни и конкурентни резултати од работењето.

ДЕКОНС ЕМА гради долгорочни професионални релации со претпријатија од различен ранг, имајќи го при тоа, својот кодекс на непристрасност, професионалност и веродостојност, како гаранција за подобрувањето на бизнис перформансите на своите клиенти. Покрај ова, професионалните и високо квалитетни услуги истотака, се однесуваат и на работата со институциите.

Нашето континуирано усвојување на нови знаења, програми, иницијативи, активности и процедури, кои се сметаат за водечки во работата во областа на животната средина и безбедност и здравје при работа, се во согласност со националното и законодавството на ЕУ и им обезбедуваат високи резултати на нашите клиенти.

Во своето работење користиме познати, најефективни и потврдени методологии на работа.