Мапа на сајтот

Пребарување

ДЕКОНС-ЕМА
ДРУШТВО ЗА ЕКОЛОШКИ КОНСАЛТИНГ
English ENG

ВИЗИЈА

МИСИЈАТА на Друштвото за еколошки консалтинг „ДЕКОНС-ЕМА“ се состои во препознавање и разбирање на потребите на клиентот, висока посветеност кон поставената задача, како и задоволување на очекувањата на клиентот.

Потпирајќи се на своите компетитивни, високо квалификувани меѓународни експерти, како и усвојувањето на нови системи за проект менаџмент и контрола на квалитетот, ДЕКОНС-ЕМА  е подготвувена за интрегрирање на светскиот пазар и учество во комплексни меѓународни проекти.        

Водечки принципи на работа се:

Задоволството на клиентот. Од достапноста и употребата на нашите услуги, е најрелевантната мерка за вредноста на нашите услуги. Нивото на задоволство на клиентот од нашите услуги е мерката која ја одредува нашата положба на пазарот.

Задоволството на вработените. Задоволството од направеното е движечка сила за секој човек, секоја организација и општество. Областа во која ние, како Компанија дејствуваме, се базира на креативност, иновации и имагинација, комбинирани со истрајност, самодоверба и доверба во работниот тим. Не постои поголемо задоволство за еден креативен творец, од тоа да ја види својата работа широко општествено прифатена, што се должи на неговите одлични квалитети, функционалност и доверливост.

Задоволство на основачите. Ефикасно исполнување на Годишниот Бизнис План, постигнување на предвидените финансиски резултати и профит на Компанијата, како предуслов за стабилен раст и развој и задоволување на критериумите, зацртани при основањето. Нашето портфолио е изработено врз основа на принципот кој вели дека учењето и трансферот на знаење е интерактивен, тековен и динамичен процес кај кој нема застој.

Визијата на ДЕКОНС ЕМА ќе се остварува низ:

  • Супериорност во обезбедување на комплетно коректни, доверливи и веродостојни информации и експертиза; 
  • Развој на транспарентност, која ќе води кон нови бизнис водства;
  • Трансформирање на моќта од еден извор на експертиза во можности за повеќекратна генерација на приходи: проектен консалтинг, хонорарен консалтинг; 
  • Единствена комбинација од локална и меѓународна експертиза и искуство;
  • Обезбедување на мрежа од национални и меѓународни еминентни експерти од областа на животната средина и безбедност при работа и здравје.

Ја докажуваме нашата способност, со тоа што за нашите клиенти обезбедуваме светски водечки искуства во предлог решенија за прашања од областа на животната средина. Нашиот тим е опремен со знаење, искуство и експертиза потребна за развој на:

  • Консалтинг за проекти од полето на управување и заштита на животната средина и безбедност при работа и здравје за локални и централни власти во Балканскиот регион, како и за индустријата и други стопански субјекти.
  • Тренинзи за локалните и централни власти, индустрии и други стопански субјекти, во однос на усогласување со меѓународните, европските и националните правни акти и стандарди.
  • Асистирање на локалната самоуправа/општини во подготовка на апликации за проекти за  ИПА фондовите;
  • Помош во подготовка на предлог-проекти, за добивање на финансиски средства од националниот буџет и други меѓународни финансиски фондови; 
  • Експертиза за подготовка на предлог-проекти, проектна задача–за специфични активности, консултации, како и управување со проекти.
  • Изготвување на различна документација за животна средина и спроведување на процедури, кои произлегуваат од Законот за животна средина, но и другите закони, кои ги регулираат постапките за заштита на сите медиуми (водух, вода, почва), природата, бучавата и отпадот:
  • Стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина од одредени стратегии, планови и програми-СОЖС,
  • Оцена на влијанијата врз животната средина од реализација на проектни активности-ОВЖС,
  • Интегрирано спречување и контрола на загадувањата-ИСКЗ,
  • Валоризација на елементи од биолошката разновидност,
  • Процена на штети во животната средина и се друго поврзано со имплементација на законодавството.
  • Интернационална експертиза за локалните компании во имплемантација на програми и проекти.
  • Он-лајн консултации за управување со медиумите во животната средина.
  • Консултации за одржлива употреба на природни ресурси.
  • Дизајнирање и изведба на јавните кампањи за зголемување на јавната свест, информирање на јавноста и вклучување во сите процеси за животната средина.
  • Мониторинг услуги за медиите за животната средина.

Од  2012-та година, ДЕКОНС-ЕМА е овластена за вршење на стручни работи за безбедност при работа:

  • Проценка на ризик;
  • Концепт за изјава за безбедност;
  • Изработка и спроведување на програми за обука на вработени за безбедно извршување на работата.

Во врска со тоа, ДЕКОНС ЕМА ги нуди следниве услуги:

  • Изработка на проценка на ризик на работно место;
  • Изработка на концепт на изјава за безбедност;
  • Поготовка на програми и спроведување на обуки на вработените за безбедност и здравје при работа;
  • Подготовка на Елаборат за заштита при работа;
  • Консултантски услуги како Стручно лице за безбедност и здравје при работа кое вклучува:
  • Советување на работодавачот за планирање, избор, купување и одржување на средствата за работа;
  • Советување на работодавачот за опремување на работното место и работната средина;
  • Вршење на внатрешен надзор над спроведувањето на мерките за безбедно извршување на работата;
  • Изработка на упатства за безбедно извршување на работата;
  • Следење и анализа на повредите поврзани со работењето, професионалните болести, идентификација на причините за истите;
  • Подготовка на извештаи за работодавачот, заедно со сите предложени безбедносни мерки и
  • Следење на законските промени од областа на здравје и безбедност и следење на промените во Организацијата.