Мапа на сајтот

Пребарување

ДЕКОНС-ЕМА
ДРУШТВО ЗА ЕКОЛОШКИ КОНСАЛТИНГ
English ENG

УСЛУГИ

Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС)-Во Поглавје X-Оцена на влијанието на определени стратегии, планови и програми врз животната средина-СОЖС, од член 65 до член 75, од Законот за животна средина („Службен Весник на Република Македонија”, бр. 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09, 47/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14 и 44/15), регулирана е постапка, која дополнително е уредена и со подзаконски акти.
Стратегиската оцена на влијанијата врз животната средина-СОЖС се спроведува на стратешки и плански документи кои се подготвуваат во областа на земјоделството, шумарството, рибарството, енергетиката, индустријата, рударството, транспортот, регионалниот развој, телекомуникациите, управувањето со отпад, управувањето со водите, туризмот, просторното и урбанистичкото планирање и користење на земјиштето, Националниот акционен план за животна средина и локалните акциони планови за животна средина, како и врз сите стратегиски, плански и програмски документи со кои се планира изведување на проекти за кои се врши оцена на влијанието од проект врз животната средина.


Со постапката за СОЖС треба да се обезбеди висок степен на заштита на животната средина, да се интегрираат целите на животната средина во подготвувањето и спроведувањето на планските документи, да се обезбеди соодветна вклученост на јавноста, а сè со цел постигнување на одржлив развој на земјата, регионот и локалната самоуправа.
СОЖС има за цел да обезбеди рамка за дејствување врз процесот на одлучување уште во најрана фаза, при подготовка на планските документи (кои пак најчесто предвидуваат индивидуални проекти).
Во процедурата се вклучени: централната, локалната власт (вклучувајќи ги и Регионите), приватни инвеститори и лепеза на заинтересирани страни.
Тимот на ДЕКОНС ЕМА, со своите 3 експерти за стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина (кои се наоѓаат на  Листата на експерти за стратегиска оцена на животната средина, која ја поседува МЖСПП) и тимот од надворешни експерти, има долгогодишно искуство во практикување на процедурите за СОЖС, комуникација со заинтересираните страни и јавноста и подготовка на сите потребни материјали (одлука за спроведување/не спроведување на СОЖС, подготовка на формулари, подготовка на Извештајот за стратегиска оцена на влијанијата на стратегијата/планот/програмата врз животната средина, извештаи за комуникација со јавноста и сл.). До сега успешно завршивме преку 100 процедури, што значи, исто толку стратегии/планови биле прифатени од надлежните иснтитуции. Тоа е гаранција за компетентноста на нашиот тим и подготвеноста да им помогне на клиентите со успех да ја реализираат својата потреба и да стигнат до конечно усвојување на стратешкиот/плански документ.


Оцената на влијанието врз животната средина (ОВЖС) е дефинирана во Законот за животна средина Поглавје XI-„Оцена на влијанијата на определени проекти врз животната средина“. Студијата за оцена на влијанијата врз животната средина и решението, кое надлежниот орган (Министерство за животна средина и просторно планирање) го издава во однос на нејзината усогласеност со барањата на законодавството, се дел од проектната документација потребна за добивање дозвола за градба на објекти и е задолжителна за проекти коишто може да имаат значително влијание врз животната средина (определени со посебна Уредба).  

  
Постапката за оцена на влијанијата врз животната средина мора да биде спроведена пред почетокот на изведбата на градежните активности на проектот, а мерките за намалување на влијанијата треба да бидат вклучени во Основниот проект за активноста.
Низ постапката за ОВЖС и во Студијата треба да се идентификуваат, анализираат и квантифицираат сите можни влијанија врз животната средина од планираниот проект.
Целта на ОВЖС постапката е да обезбеди соодветно внимание на сите можни влијанија врз животната средина и да обезбеди решенија за нивно елиминирање, односно минимизирање, пред предложениот Проект да влезе во фаза на градба.
Нашата Компанија вработува 3 експерти, со положен испит за стекнување звање-Овластен експерт за оцена на влијанијата врз животната средина.  Искуството на нашите консултанти во водење на ОВЖС процедурата и подготовка на ОВЖС студии е гаранција за квалитет на подготвените документи, што го намалува времето од поднесување на известувањето за намера, па сè до добивање на решението за согласност за изведба на проектот. Нашите референци и стекнато искуство говорат за квалитетот на изработка на потребната документација и нашите познавања нè само на националното и ЕУ законодавство, туку и политиките и барањата на меѓународни финансиски институции, како што се: Светска Банка, Европска Банка за Обнова и Развој, Европска Инвестициона Банка, Германска Кредитна Банка за реконструкција и др.


Елаборат за заштита на животната средина, е дефиниранво член 24 од Законот за животна средина и се однесува на сите оние дејности или активности, кои не спаѓаат во проектите за кои се спроведува постапка за оцена на влијанијата врз животната средина-ОВЖС или постојни објекти/инсталации, кои по својот капацитет не припаѓаат кон оние проекти за чие работење е потребно добивање на ИСКЗ дозвола (Интегрирана дозвола за спречување и контрола на загадувањата). Сите тие објекти/инсталации се должни да изготват елаборат за заштита на животната средина. Елаборатот дава слика за постојната состојба на локацијата и поширокото опкружување, ги идентификува потенцијалните влијанија, негативни и позитивни, врз медиумите на животната средина и предлага мерки за нивно намалување или ублажување.
Елаборатот е документ којшто е составен дел од проектната документација потребна за добивање дозвола за градба на објекти или пак за постојните инсталации и е документ кој ги содржи сите податоци за инсталацијата и план/програма за интегрирање на мерки за управување со животната средина. Стекнатото искуството во работење на ваков вид документи, нивниот препознатлив квалитет им овозможува на клиентите лесно и на едноставен начин да одговорат на барањата на Националното законодавство, да ги применат стандардите и најдобрите светски практики, не само за да го подобрат квалитетот на животната средина, туку и да заштедат финансиски средсва во производството и да обезбедат негова одржливост. Бенефит од квалитетно изработениот документ имаат и надлежните органи на централно и локално ниво, кои донесуваат одлука за усогласеноста на истиот со националните и меѓународни стандарди.


Интегрирано спречување и контрола на загадувањето (ИСКЗ) е систем на мерки за спречување и контрола на загадувањата, кои во нашиот Закон за животна средина се преземени од Европската Директива (2010/75/ЕУ) за Интегрирано спречување и контрола на загадувањето, која цели кон елиминирање, односно минимизирање на влијанијата врз животната средина од определени индустрии/инсталации, за да се постигне висок степен на заштита на животната средина во целина.
Операторите на инсталациите, кои подлежат на ИСКЗ регулативата, согласно законските рокови мора да поднесат барање за интегрирана еколошка дозвола (Закон за животна средина, глава ΧΙΙ и ΧΙ, Уредба за ИСКЗ).
ИСКЗ дозволата е задолжителна пред почеток со работа на нови инсталации и за продолжување со работа на постоечките инсталации.
Ние нудиме мултидисциплинарен пристап од професионалци во областа на животната средина кои поседуваат огромно искуство во: инспекција на локација, дизајн и работа на процесни постројки, управување со животна средина во индустрија и соодветното законодавство.
Нашиот пристап кон ИСКЗ консалтингот е флексибилен, целосна консталтинг услуга до добивање финална ИСКЗ дозвола, што подразбира консалтинг и проектирање на мерките за подобрување, кои се составен дел на Оперативниот план за усогласување, кај постојните инсталации  или планот за подобрување, кај новите инсталации. Но, нашата соработка со операторите не завршува овде, ние сме тука во целиот век на работа на секоја инсталација, за да дадеме совет за: ефикасно користење на енергијата, ефикасно користење на водата, подобрување во технолошките процеси, управување со емисиите во медиумите на животната средина, управување со отпадот и сл.

Одговорност за штета предизвикана врз животната средина, активноста е дефинирана во член 157 од Законот за животна средина. Во рамките на Компанијата ДЕКОНС ЕМА се вработени 3 овластени проценители на штети во животната средина , а самата Компанија е овластена за вршење на оваа дејност/проценител на штети. Нивното искуство во процена на влијанијата врз животната средина и нивна квантификација, како и примена на мерки за намалување на штетите во животната средина и определување на нивната цена, се добар предуслов за позитивни резултати и оваа област.

Управувањето со отпадот е широко поле на интерес, регулирано со Законот за управување со отпад („Службен весник на Република Македонија,“ бр. 68/04, 71/04, 107/07, 102/08, 143/08, 124/10, 51/11, 123/12, 147/13, 163/13 и 51/15). Управувањето со отпадот на централно, регионално, локално,  па и на ниво на инсталации е тема каде ДЕКОНС ЕМА има видни успеси. Во своите редови, Компанијата има експерт-Управител  со отпад со големо искуство на меѓународни  и домашни  проекти во делот на управување со отпадот. Затоа, со право можеме да кажеме дека на нашите клиенти им даваме комплетна услуга, од подготовка на планови за управување со отпад, програми за управување со отпад, извештаи за имплементација на плановите и програмите, подготовка на барања за добивање дозвола за собирање, превоз, складирање и третман на отпадот.
ДЕКОНС ЕМА Ви нуди стручна помош при подготовката на

Подготовка на стратешки и плански документи


Локален акционен план за животна средина (ЛЕАП) претставува стратешки документ на една Општина за остварување на целите поставени во Законот за животна средина. Со системот за планирање се насочува и се усогласува реализирањето на економските, техничките, научните, образовните, организациските и на другите мерки и активности, како и на мерките за спроведување на обврските преземени со ратификуваните меѓународни договори, со цел да се заштити и унапреди животната средина и да се обезбеди одржлив развој.
ЛЕАП претставува систем на мерки и активности за среднорочно и долгорочно планирање на заштитата и унапредувањто на животната средина, развојот на заштитата и управувањето со животната средина, во согласност со економскиот, општествениот и културниот развој на локално/општинско ниво.
Кадарот во ДЕКОНС ЕМА е обучен и искусен да ги согледа ранливите точки, од аспект на животна средина и социјално економските аспекти на ниво на Општина и да ги преточи во стратешки цели на општината, кои низ систем на мерки ќе доведат до подобрување на состојбите во животната средина. Низ систем на комуникација со јавноста, овие мерки и нивната имплементација ќе станат дел од секојдневното живеење на граѓаните на една општина и одговорност на оние кои треба да се грижат за здравјето и добробита на населението, а тоа се јавните институции, приватните компании и инсталациите. Усвојување и имплементација на ЛЕАП, од страна на една општина, претставува и усвојување на долгорочни “зелени” заложби кои водат кон една и единствена цел – одржлив развој на општината.
Досега успешно сме соработувале со неколку општини во Република Македонија и ЛЕАП -ите што сме ги подготвиле, ја имаат својата имплементација.


Програма за управување со бучавата со акционен план-Законот за заштита од бучава во животната средина целосно е во согласност со важечката регулатива на ЕУ. Законот за заштита од бучава во животната средина е закон кој ги регулира основните принципи за управување со бучавата во животната средина. Законот е усогласен со препораките на ЕУ, со цел да се воспостави една општа правна рамка за регулирање на бучавата во животната средина на интегриран и сеопфатен начин. Согласно Законот за заштита од бучава во животната средина за глобално оценување на утврдената изложеност на бучава во определено подрачје како резултат од различни извори на бучава и за општи предвидувања за тоа подрачје се изработува стратешка карта на бучава. Согласно истиот закон, стратешките карти за бучава задолжително се изработуваат за сите агломерации, главни патишта, главни железнички пруги и главни аеродроми на територијата на Република Македонија. Стратешките карти за бучава за населени места и подрачја од посебен интерес се изработуваат по потреба, врз основа на одлука донесена од правното лице кое управува со подрачјето. Согласно член 17 од Законот за заштита од бучава  во животната средина, Акционен План за бучава во животната средина се изработува врз основа на претходно изработена стратешка карта за бучава. Предмет на изработката на Акционен План и Програма за управување со бучавата е да се идентификуваат таканаречените жешки точки на бучава, и да се предвидат мерки за намалување или избегнување. Деконс ЕМА е пионер во изработката на ваков вид на документација. Во 2011 година за прв пат е направен ваков план и програма за управување со бучавата во животната средина за општина Охрид. Понатаму се редат различни видови на документација поврзани со бучава врз животната средина .
Законот за заштита на природата е изготвен врз основа на критериумите на IUCN. Тој вклучува шест категории на заштитени подрачја, за кои се изработуваат соодветни документи . Закон за заштита на природата го пропишува начинот на прогласување на заштитено подрачје. Согласно член 92 од овој закон, строгите природни резервати, националните паркови и спомениците на природата се прогласуваат за заштитени подрачја со закон. Со последните измени и дополнувања во Законот за заштита на природата, постои законска обврска за изработка на студија за валоризација или ревалоризација на заштитеното подрачје. Целта е да се утврди реалната состојба и да се обезбеди стручна основа за изработка на актот за прогласување на заштитеното подрачје. Стручниот тим на Деконс ЕМА изготвува и документација поврзана со заштита на природата.


Безбедноста и здравјето при работа е интердисциплинарен концепт на обезбедување на добросостојбата на луѓето, вклучени во процесот на работата. Истовремено, тоа е заштита и на работодавачите од непредвидени и неконтролирани економски и материјални загуби што произлегуваат од штетните настани од неприменување на мерките за безбедност и здравје при работа.
Законот за безбедност и здравје при работа („Службен весник на Република Македонија“ бр.92/07,136/11, 23/13, 25/13, 137/13, 164/13, 158/14 и 15/15), е закон во кои се утврдуваат мерките за безбедност и здравје при работа, обврските на работодавачот и правата и обврските на вработените од областа на безбедноста и здравјето при работа, како и превентивните мерки против професионалните ризици, отстранувањето на ризичните фактори за несреќа, информирање, консултирање, обука на работниците и нивните претставници и нивно учество во планирањето и преземањето на мерки за безбедност и здравје при работа.
Во согласност со Законот за безбедност и здравје при работа, секој работодавач мора да изготви и спроведе Изјава за безбедност за секое работно место, прецизирајќи го начинот, како и мерките кои треба да се преземат. Работодавачот мора да обезбеди мерки за безбедност и здравје при работа, особено со:

  • назначување на едно или повеќе стручни лица;
  • обука за вработените за безбедно извршување на работата врз основа на сопствена програма.

Друштвото за еколошки консалтинг ДЕКОНС ЕМА, во 2012 година во согласност со член 45 од Законот за безбедност и здравје при работа и Правилникот за условите за вработените, организациите, техничките и другите услови кои треба да ги исполни правното или физичкото лице за вршење на стручни работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 37/08) доби овластувања од Министерството за труд и социјална политика за вршење на стручни работи за безбедност при работа:

  • Проценка на ризик со евидентен број 127;
  • Концепт за изјава за безбедност со евидентен број 128;
  • Изработка и спроведување на програми за обука на вработени за безбедно извршување на работата со евидентен број 129;
  • Решение за вршење стручни работи со број 07-7852/4.

Тимот кој работи во состав на Секторот за безбедност и здравје при работа е составен од три стручни лица со положен стручен испит за стручно лице за безбедност и здравје при работа во Министерството за труд и социјална политика на Р. Македонија.
За вршење на стручни работи од областа на безбедност и здравје при работа, Секторот за безбедност и здравје при работа, ги нуди следниве услуги:

  • Подготовка на проценка на ризик на работно место;
  • Подготовка на концепт на Изјава за безбедност;
  • Подготовка на програми и спроведување на обуки на вработените за безбедност и здравје при работа;
  • Подготовка на План за безбедност и здравје при работа на привремени и мобилни градилишта;
  • Консултантски услуги од Стручно лице за безбедност при работа.
Стручниот тим на Секторот за безбедност и здравје при работа, досега успешно ги реализира следниве документи од областа на заштита при работа.