МИСИЈА И ВИЗИЈА
МИСИЈАТА на Друштвото за еколошки консалтинг „ДЕКОНС-ЕМА“ се состои во препознавање и разбирање на потребите на клиентот, висока посветеност кон поставената задача, како и задоволување на очекувањата на клиентот.
Потпирајќи се на своите компетитивни, високо квалификувани меѓународни експерти, како и усвојувањето на нови системи за проект менаџмент и контрола на квалитетот, ДЕКОНС-ЕМА е подготвувена за интрегрирање на светскиот пазар и учество во комплексни меѓународни проекти.
Водечки принципи на работа се:
Задоволството на клиентот. Од достапноста и употребата на нашите услуги, е најрелевантната мерка за вредноста на нашите услуги. Нивото на задоволство на клиентот од нашите услуги е мерката која ја одредува нашата положба на пазарот.
Задоволството на вработените. Задоволството од направеното е движечка сила за секој човек, секоја организација и општество. Областа во која ние, како Компанија дејствуваме, се базира на креативност, иновации и имагинација, комбинирани со истрајност, самодоверба и доверба во работниот тим. Не постои поголемо задоволство за еден креативен творец, од тоа да ја види својата работа широко општествено прифатена, што се должи на неговите одлични квалитети, функционалност и доверливост.
Задоволство на основачите. Ефикасно исполнување на Годишниот Бизнис План, постигнување на предвидените финансиски резултати и профит на Компанијата, како предуслов за стабилен раст и развој и задоволување на критериумите, зацртани при основањето. Нашето портфолио е изработено врз основа на принципот кој вели дека учењето и трансферот на знаење е интерактивен, тековен и динамичен процес кај кој нема застој.
Визијата на ДЕКОНС ЕМА ќе се остварува низ:
- Супериорност во обезбедување на комплетно коректни, доверливи и веродостојни информации и експертиза;
- Развој на транспарентност, која ќе води кон нови бизнис водства;
- Трансформирање на моќта од еден извор на експертиза во можности за повеќекратна генерација на приходи: проектен консалтинг, хонорарен консалтинг;
- Единствена комбинација од локална и меѓународна експертиза и искуство;
- Обезбедување на мрежа од национални и меѓународни еминентни експерти од областа на животната средина и безбедност при работа и здравје.
Ја докажуваме нашата способност, со тоа што за нашите клиенти обезбедуваме светски водечки искуства во предлог решенија за прашања од областа на животната средина. Нашиот тим е опремен со знаење, искуство и експертиза потребна за развој на:
- Консалтинг за проекти од полето на управување и заштита на животната средина и безбедност при работа и здравје за локални и централни власти во Балканскиот регион, како и за индустријата и други стопански субјекти.
- Тренинзи за локалните и централни власти, индустрии и други стопански субјекти, во однос на усогласување со меѓународните, европските и националните правни акти и стандарди.
- Асистирање на локалната самоуправа/општини во подготовка на апликации за проекти за ИПА фондовите;
- Помош во подготовка на предлог-проекти, за добивање на финансиски средства од националниот буџет и други меѓународни финансиски фондови;
- Експертиза за подготовка на предлог-проекти, проектна задача–за специфични активности, консултации, како и управување со проекти.
- Изготвување на различна документација за животна средина и спроведување на процедури, кои произлегуваат од Законот за животна средина, но и другите закони, кои ги регулираат постапките за заштита на сите медиуми (водух, вода, почва), природата, бучавата и отпадот:
- Стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина од одредени стратегии, планови и програми-СОЖС,
- Оцена на влијанијата врз животната средина од реализација на проектни активности-ОВЖС,
- Интегрирано спречување и контрола на загадувањата-ИСКЗ,
- Валоризација на елементи од биолошката разновидност,
- Процена на штети во животната средина и се друго поврзано со имплементација на законодавството.
- Интернационална експертиза за локалните компании во имплемантација на програми и проекти.
- Он-лајн консултации за управување со медиумите во животната средина.
- Консултации за одржлива употреба на природни ресурси.
- Дизајнирање и изведба на јавните кампањи за зголемување на јавната свест, информирање на јавноста и вклучување во сите процеси за животната средина.
- Мониторинг услуги за медиите за животната средина.
Од 2012-та година, ДЕКОНС-ЕМА е овластена за вршење на стручни работи за безбедност при работа:
- Проценка на ризик;
- Концепт за изјава за безбедност;
- Изработка и спроведување на програми за обука на вработени за безбедно извршување на работата.
Во врска со тоа, ДЕКОНС ЕМА ги нуди следниве услуги:
- Изработка на проценка на ризик на работно место;
- Изработка на концепт на изјава за безбедност;
- Поготовка на програми и спроведување на обуки на вработените за безбедност и здравје при работа;
- Подготовка на Елаборат за заштита при работа;
- Консултантски услуги како Стручно лице за безбедност и здравје при работа кое вклучува:
- Советување на работодавачот за планирање, избор, купување и одржување на средствата за работа;
- Советување на работодавачот за опремување на работното место и работната средина;
- Вршење на внатрешен надзор над спроведувањето на мерките за безбедно извршување на работата;
- Изработка на упатства за безбедно извршување на работата;
- Следење и анализа на повредите поврзани со работењето, професионалните болести, идентификација на причините за истите;
- Подготовка на извештаи за работодавачот, заедно со сите предложени безбедносни мерки и
- Следење на законските промени од областа на здравје и безбедност и следење на промените во Организацијата.